Спалети: Требаше повеќе да ги користиме главите отколку мускулите

Лучијано Спалети е под голем притисок во Интер, особено по елиминацијата од Купот на Италија во драматичниот меч со Лацио.

„Нераѕурите“ ја одложија елиминацијата буквално во последните секунди од продолжението, со досуден пенал во петтата минута од второто продолжение, но потоа паднаа во пенал-рулетот.

„Требаше повеќе да ги користиме главите отколку мускулите. На ова ниво се бара да сте мудри, а ние игравме неповрзано, топката бавно се движеше. Во финишот притиснавме, но немавме среќа во пенал-рулетот“, изјави Спалети.

Кај домаќините, очигледен беше изостанокот на Иван Перишиќ, играчот кој му дава енергија на тимот и може со еден потег да реши меч. Тој останува во Интер откако побара од клубот да си замине, но не успеа да се пресели во Арсенал.

„Мора да сториме сè за да го вратиме во погон. Да го заборавиме тоа што било“, додаде Спалети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести