Наполи загуби дома од Фиорентина со 2-3, и му даде шанса на Милан со евентуална победа вечерва на гости кај Торино, да се одлепи на плус четири боида во трката за титулата во Серија А.
Елиф Елмас влезе во игра во 80-та минута, при 1-3, а четири минути подоцна Осимен погоди за 2-3, што беше и конечен резултат. Со овој пораз, Наполи како да покажува дека тешко излегува на крај со притисокот и нема шампионски менталитет. Победа ќе ги качеше на прво место, а вака се трети, со еден меч повеќе од двата гиганти од Милано кои ги држат првите две позиции.
Во другите два меча попладнево, Сасуоло ја победи Аталанта со 2-1, а Удинезе со 2-1 победи нас гости кај Венеција. Илија Несторовски не влезе во игра, а победничкиот гол за Удинезе го даде Бекао во 93-та минута, откако претходно Венеција изедначи во 86-та.