Спанулис го презеде кормилото на Монако

Легендарниот грчки кошаркарски ас Василис Спанулис денес и официјално е назначен за нов тренер на Монако.

Тимот од Кнежевството ја објави соработката со актуелниот селектор на грчката репрезентација, кој на клупата на Монако ќе го замени српскиот тренер Саша Обрадовиќ.

Спанулис потпиша договор со Монако на две и пол години, а својот дебитантски натпревар ќе го има во следното коло од Евролигата, кога Монако ќе гостува кај актуелниот шампион Панатинаикос.

Монако моментално се наоѓа на шестата позиција во Евролигата со ефект од седум победи и четири порази, додека во француското првенство е петтопласиран со шест победи и три порази.

Главните цели на Спанулис со Монако ќе бидат освојување на шампионската титула во домашното првенство и обезбедување пласман на завршниот турнир во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести