Спарта треба да проработи против повратникот во чешката елита

Чешке Будејовице – Спарта Прага (18 часот – Чешка Прва лига, трето коло)

Најтрофејниот чешки клуб се сопна на стартот од сезоната по поразот од Словачко на домашен терен, се поправаше против Јаблонец, па сега во обид да наниже нови бодови, Спарта ќе гостува кај повратникот во елитата, тимот од Будејовице.

Повредите на неколку првотимци се најголем проблем во тимот на Спарта, но против денешниот противник имаат убедлив учинок кога станува збор за средби од првенствен карактер. Имаат седум последователни победи, а последниот пораз од Будејовице во шампионатот го претрпеа пред една деценија. Во меѓувреме одиграа и неколку пријателски, во кои Спарта киксна само еднаш.

Ако се земат предвид последните 10 меѓусебни средби, Спарта и Будејовице треба да одиграат натпревар на кој ќе се постигнат повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.0)

 

Алборг – Силкеборг (Данска Суперлига, трето коло)

Воведниот дел од сезоната не се одвива според планот ниту за Алборг, а ниту за Силкеборг. Двете екипи се без триумф, со тоа што денешните домаќини издвоија бод во претходното коло против Сондерјиск. Како неколкукратен дански првак, од Алборг се очекува многу повеќе, па можеби токму денес ќе се случи очекуваната премиерна победа.

На последната средба од данскиот шампионат, во која Алборг беше домаќин славеше со 2-1, но Силкеборг понекогаш знае и да изненади и да украде бодови од „Алборг Портланд парк“, што нема да биде случај и денес.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)

 

Арминија Билефелд – Сент Паули (20:30 часот – Бундеслига 2, прво коло)

Шампионатот во Цвајта стартува многу порано од најквалитетната германска лига, а Арминија и Сент Паули вечерва го затвораат првото коло од новата сезона. Двете екипи имаат исти амбиции, да изборат пласман во елитата, нешто што не им оди од рака во изминативе неколку години, па затоа е многу важно со три бода да се започне тој поход.

Во пресрет на овој натпревар, фаворитската улога им припаѓа на домаќините, иако на екипата од Билефелд тешко ѝ оди со гостите од Хамбург. Сент Паули се радуваше на две од последните пет меѓусебни средби, во два наврати издвои бод, додека убедливите 5-0 за Арминија од декември 2017 година се мотив за домаќините да повторат сличен триумф. Во повеќето случаеви, меч меѓу овие две екипи завршувал со полни мрежи, па се очекува така да биде и вечерва.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.80)

 

Лориен – Париз (20:45 часот – Франција Втора лига, прво коло)

Лориен и Париз го затвораат премиерното коло од новата сезона во Втората француска лига, во кое се видоа само пет победници од 20 екипи. Веќе две сезони Лориен се мачи да се врати во елитата, додека Парижаните точно четири децении чекаат на пласман меѓу најдобрите француски екипи.

Од Лориен се очекува да ги освојат трите бода бидејќи против Париз имаат добар учинок од изминативе две сезони. Двете победи и две ремија влеваат самодоверба за нов успешен резултат, а треба да се очекуваат и голови.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.85)

 

Рубин Казан – Ахмат Грозни (19 часот – Русија Прва лига, трето коло)

Шампионот од 2009 година изминативе сезони е зациментирам на средината на табелата и никако да се наметне меѓу конкурентите за тронот во Русија. Но, можеби оваа сезона ќе им се насмевне среќата, па затоа во дуелот против Ахмат целат на три бода и одржување на позитивната низа. Рубин има четири од можните шест бода по првите две кола. Со нов триумф би застанеле зад Ростов и барем за момент би гледале надолу на табелата.

Иако минатата сезона остана непоразен од Ахмат во првенствените дуели, тимот од Грозни знае да прави проблеми и далеку од својот дом. Ахмат загуби на две, а победи на исто толку гостувања кај Рубин од 2015 година, па наваму. Во случај да има изненадувања, подобро е мечот да се типува на погодоци.

Предлог тип: 1+I & 1+II (2.20)

- Оглас -

Најнови вести