Српскиот тренер Дејан Станковиќ ја напушти функцијата шеф на стручниот штаб на Спартак Москва, потврди рускиот клуб.
Станковиќ заминува по речиси една и пол година на клупата на Црвено-белите од руската престолнина.
Тимот на Спартак Москва моментно се наоѓа на шестото место со 25 бода, осум помалку од лидерот Краснодар, а медиумите во Русија веќе пишуваат за можниот наследник на Станковиќ.
Споменати се некои звучни имиња како Чави, Ерик тен Хаг и Бруно Лаж, потоа Филип Клемен, кој го водеше Ренџерс, како и актуелниот тренер на Целје, Алберт Риера, кој е голема желба и на Црвена ѕвезда.
Тимот на Спартак Москва до именувањето на нов тренер ќе го води помошникот Вадим Романов.
⚡️ Официально: Деян Станкович покидает «Спартак» по соглашению сторон
— ФК «Спартак-Москва» (@fcsm_official) November 11, 2025
На данный момент «Cпартак» находится на 6 месте в турнирной таблице РПЛ, что не удовлетворяет руководство клуба.
Благодарим Деяна и его ассистентов за проделанную работу и желаем удачи в дальнейшей карьере! pic.twitter.com/J70AaN3zM2

