Спартак Суботица сензационално ја елиминира Црвена ѕвезда и ќе се бори за титулата во Србија

Кошаркарите на Спартак Суботица направија сензација и се пласираа во финалето на Суперлигата на Србија, откако во вториот полуфинален натпревар го совладаа фаворизираниот тим на Црвена ѕвезда со убедливи 93-77.

Ова е првпат од сезоната 2010/11 тимот на Црвена ѕвезда да не се најде во големото финале, што го прави триумфот на Спартак уште повпечатлив.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лука Церовина со одлични 24 поени, додека Душан Милетиќ придонесе со 21 поен и значајна игра под обрачите.

Спартак во финалето ќе ги одмери силите со победникот од второто полуфинале, во кое се среќаваат Партизан и ФМП.

- Оглас -

Најнови вести