Спартанците потклекнаа и пред Италија

Одбојкарите на Македонија го претрпеа и вториот пораз на Медитеранските игри, без освоен сет потклекнаа пред Италија при резултат 19-25, 16-25, 23-25.

Аѕурите во првите два сета потполно доминираа не оставајќи ги Спартанците да ја надминат границата од 20 поени. Малку подобра игра покажавме во третиот сет, во кој освоивме 23 поени, сепак искуството на противникот ја направи разликата.

Капитенот Ѓоргиев со 13 поени беше најефикасен во нашиот состав, Франческо Ресине со 15 поени ги предводеше Италијанците. Ова инаку е втор пораз со идентични 3-0 во сетови, Македонија вчера загуби од Египет.

- Оглас -

Најнови вести