Спектакл каков што само Белград може да понуди: Партизан губеше со 15 разлика, а на крајот победи (Видео)

Партизан го победи Фенербахче со 85:84 во меч од седмото коло на кошаркарската Евролига во меч кој се решаваше буквално во последниот напад. Домаќините губеа речиси во текот на целиот меч, во одреден дел и со 15 поени разлика, но на крајот, бодрени од феноменалните 20.000 фанови, стигнаа до триумф.

https://twitter.com/i/status/1722701549908922799

Партизан добро го отвори резултатот и имаше предност од 15:12, но потоа следуваше серија од 13:0 на Фенербахче, па гостите поведоа со 25:15. Од таа висока серија Фенербахче постојано имаше предност, која во еден момент беше и 15 разлика (54:39) во средината на втората четвртина.

https://twitter.com/i/status/1722717267824103858

Во последните 10 минути Фенер замина со предност од шест разлика (69:63), а Партизан не се предаде. Во пеколната атмосфера направена од над 20.000 навивачи, Црно-белите стигнаа и до предност од 79:78 на три минути пред крајот, што значеше дека ќе има драматична завршница. Фенербахче поведе со 82:79, но Партизан со серија од 6:0 стигна до 85:82 на 20 секунди до крајот.

Фенербахче намали на 85:84, а во последниот напад на Партизан, Камински ја испушти топката аут и дозволи турскиот тим да го има последниот напад, но гостите утнаа шут за тројка за победа.

Резултати: Олимпијакос – Басконија 74:75, Анадолу Ефес – Жалгирис 86:82 по продолжение, Макаби ТА – Баерн Минхен 93:90, Милано – Валенсија 83:52, Партизан – Фенербахче 85:84, Реал Мадрид – Виртус 100:74.

- Оглас -

Најнови вести