Спектакл на „Бернабе“: Пет гола, пенал, црвен картон и победа на Реал Мадрид! (Видео)

Реал Мадрид го доби градското дерби против Атлетико со 3-2 и се врати на минус четири од Барселона. Мечот на „Сантијаго Бернабе“ понуди од се по нешто. Фудбалската драма беше збогатена со пет гола, пенал и црвен картон, а на крајот „кралевите“ беа тие кои се радуваа.

Адемола Лукман во 33-тата минута најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и го донесе Атлетико во водство од 0-1. Тој резултат беше и на семафорот и на крајот од првиот дел.

Во 52-рата минута пенал за Реал Мадрид, а Винисиус беше прецизен реализатор. Само четири минути подоцна комплетен пресврт со голот на Феде Валверде.

Најубавиот момент на мечот се случи во 66-тата минута, кога Нахуел Молина со вистинска бомба од преку 20 метри успеа да го совлада Лунин и да израмни на 2-2.

Сепак, радоста за „јорганџиите“ траеше кратко, бидејќи Винисиус во 72-рата минута успеа да постигне еврогол со кој ги постави конечните 3-2 за Реал Мадрид.

До крајот на натпреварот на „Сантијаго Бернабе“, Реал Мадрид остана со играч помалку, откако Феде Валверде заработи директен црвен картон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести