1117 Ливерпул – Манчестер јунајтед (17:30)
Љубителите на фудбалот во Англија веројатно не се сеќаваат кога последен пат најголемото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед се играло кога една од екипите е лидер, а другата на дури 14-тата позиција на табелата. Домашните на „Енфилд“ се големи фаворити. Ливерпул буквално гази во Премиер лигата оваа сезона и се издвојува како единствен кандидат за титулата, додека „црвените ѓаволи“ се поблиску до зоната за испаѓање, отколку до горниот дел од табелата. Првиот меѓусебен меч на овие две екипи на „Олд Трафорд“ заврши со убедлива победа од 0-3 на Ливерпул, а нешто слично се очекува да биде и попладнево.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (1.95)
1732 ПСЖ – Монако (17:30)
ПСЖ доминира во францускиот фудбал, а денес ќе атакува на првиот трофеј оваа година, оној од Супер купо. Противник за трофејот на „светците“ ќе им биде Монако, во меч кој ќе се игра во Доха, Катар и се освен победа на ПСЖ ќе биде големо изненадување. Иако не се доминантни како претходните години, сепак се убедливо најквалитетната екипа во Франција, а тоа го покажаа и на последниот првенствен дуел против Монако, кога победија со 2-4 на гостински терен.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.99)
1958 Фенербахче – Хатајспор (17:00)
Фенербахче предводен од Жозе Мурињо на клупата има заостанување од 11 бода од лидерот Галатасарај, па со евентуална победа против претпоследниот Хатајспор ќе се обиде да ја намали разликата на едноцифрена. Се освен лесна и убедлива победа на Фенербахче ќе биде големо изненадување, со оглед на тоа дека против денешниот противник имаат седум победи по ре со гол-разлика 19:4.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.66)
1212 Селтик – Ст. Мирен (16:00)
Селтик е убедливо прв во Шкотска, но на последниот меч убедливо загуби од најголемиот ривал, Глазгов ренџерс, со 3-0. Рехабилитација за овој пораз ќе бара против Ст. Мирен на домашен терен, противник против кој имаат шест победи по ред, а немаат пораз на последните 10 меча. Ст. Мирен на ова гостување доаѓа со два порази, додека Селтик имаше низа од 19 меча без пораз пред да загуби од Ренџерс.
Предлог тип: 1 Двојна (1.73)
1209 Њупорт – Моркам (16:00)
Очекувањата од дуелот помеѓу Њупорт и Моркам во англиската Лига 2 се дека ќе има ефикасен фудбал, а за тоа најдобро говори билансот на овие екипи сезонава. На 23 натпревари на Њупорт биле постигнати вкупно 70 гола, додека на 24-те на Моркам мрежите се треселе 61-пат. На трите последни меѓусебни дуели на овие две екипи биле постигнати вкупно 12 гола или во просек по четири на натпревар.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.89)