Спектакл на „Камп ноу“ со четири гола, одлуката за конечниот победник ќе падне на „Олд Трафорд“ (Видео)

Фудбалерите на Барселона и Манчестер јунајтед одиграа фантастичен натпревар на „Камп ноу“ во нокаут-фазата во Лигата на Европа, кој заврши без победник, 2:2.

Во првото полувреме немаше голови, двата тима имаа добри шанси, а поопасни беа тие на Црвените ѓаволи. Но, ударите на Вегхорст и Рашфорд ги одбрани голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.

Затоа во второто полувреме беа постигнати четири гола, по два на двете страни.
Резултатот го отвори Маркос Алонсо во 50-тата минута, откако беше највисок во скокот по корнерот на Рафиња.

https://twitter.com/i/status/1626295626357932032

Црвените ѓаволи одговорија експресно, со два гола за шест минути. Прво Маркус Рашфорд израмни на 1:1, а во 59-тата минута, Жил Кунде си постигна автогол.

Тоа не ги обесхрабри домашните фудбалери, кои продолжија со нападите и офанзивната игра вроди со плод во 76-тата минута, кога Рафиња го израмни резултатот.

https://twitter.com/i/status/1626301297224990721

До крајот на средбата, поконкретни беа играчите на Барселона, но Давид де Хеа со неколку одлични интервенции не дозволи промена на резултатот.

Салцбург со голот на Капалдо во 88-мата минута ја совлада Рома со 1:0, а Шахтар славеше со 2:1 против Рен. Ајакс и Унион Берлин одиграа без голови.
Реваншите ќе се играат следниот четврток.

- Оглас -

Најнови вести