Спектакл на „Керамика“: Пресврти, седум гола и триумф на Барселона (Видео)

Виљареал и Барселона одиграа фантастичен натревар во дербито од третото коло во Ла Лига во кој имаше пресврти, дури седум гола, а на крајот бодовите ги освои шампионот.

Барса на крајот славеше со 4:3 и дојде до втората победа, и сега има седум бода, два помалку од лидерот Реал.

„Жолтата подморница“ го претрпе вториот пораз останувајќи на само три освоени бодови.

https://twitter.com/i/status/1695824379739771028

Барселона веќе во 15-та минута водеше со 0:2 благодарение на головите на Гави и на Френки де Јонг.

https://twitter.com/i/status/1695825152376741981

Но, на пауза се замина без предност за некоја од екипите бидејќи Виљареал успеа да дојде до израмнување, а за тоа се погрижија Фојт во 26-та и Сорлот во 40-та минута.

https://twitter.com/i/status/1695831938718671303

https://twitter.com/i/status/1695839614014017561

Во второто полувреме, Виљареал направи пресврт и поведе со 3:2 по голот на Баена во 50-та минута.

https://twitter.com/i/status/1695844402147557395

Сепак, на крајот бодовите ги освои Барселона благодарение на Феран Торес кој во 68-та минута израмни на 3:3, и на Роберт Левандовски кој три минути подоцна погоди за 3:4.

https://twitter.com/i/status/1695844916763439583

- Оглас -

Најнови вести