25.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Спектакл на повидок: Барселона тргна по ѕвездата на Реал Мадрид!

Мнгу ретки се трансферите на играчи кои директно се прават меѓу Реал Мадрид и Барселона. Секогаш кога има таква ситуација, тоа се моменти за спектакл. Иако досега не навестуваше дека може да се случи нешто такво, од денеска во оптек е опцијата ѕвездата на Реал Мадрид, Бразилецот Родриго да направи трансфер во Барселона.

Родриго кој има 24 години не е во опциите на новиот тренер Чаби Алонсо и најавено е дека Бразилецот ќе мора да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Досега, за Родриго интерес покажуваа англиските гиганти Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити, а од вечерва во трката за потписот на Бразилецот се приклучува и Барселона.

„Барселона веќе имала контакти со менаџерите на Родриго и е соопштено дека сакаат да започнат преговори, доколку Бразилецот реши да си замине од Реал“, наведува неименуван извор од Шпанија.

Родриго неколку пати најавуваше дека не сака да си замине од Реал, но во последно време се поизвесно е дека тоа ќе мора да се случи. Бразилецот досега има одиграно 270 меча за Реал Мадрид во кои има постигнато 68 голови, а асистирал на 51 погодок.

Реал Мадрид најави дека за да се согласи да го продаде Родриго, бара 100 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести