Спектакл на ракометното ЕП: Македонија против Франција ќе игра на фудбалски стадион

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците за Европско првенство кое на почетокот од идната година ќе се игра во Германија и првиот настап на континенталниот собир ќе биде спектакуларен.

Македонија се наоѓа во групата А заедно со домаќинот Германија, Франција и со Швацарија, а првиот натпревар ќе го игра во Дизелдорф, и тоа на фудбалски стадион.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во првото коло, на 10 јануари идната година, ќе играат против Франција ,и тоа на „Меркур Шпил арената“ во Дизелдорф. Ова е фудбалски стадион со капацитет од 54.600 седишта.

Во второто коло, Македонија ќе игра против домаќинот Германија, и тоа во „Мерцедес Бенц арената“ во Берлин. Натпреварот е закажан за 14 јануари.

Во последното трето коло, на 16 јануари ракометарите ќе играат против Швајцарија, исто така во Берлин.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести