Вистински спектакл приредија репрезентациите на Шпанија и Франција во второто полуфинале од Лигата на нации. Натпревар со осум гола и победа на „фуријата“ од 5-3 за пиринејско финале против Португалија.
Шпанија имаше високи 2-0 после првото полувреме со головите на Нико Вилијамс во 22-рата и на Микел Мерино во 25-тата минута, а таа предност порасна и на високи 4-0 со головите на Јамал од пенал во 54-тата и на Педри во 55-тата минута.
Сепак, кога сите мислеа дека Франција ќе доживее вистински дебакл, Килијан Мбапе од пенал во 59-тата минута намали на 4-1, а Јамал во 67-мата минута зголеми на 5-1. „Триколорите“ комплетно се вратија во мечот со голот на Шерки во 79-тата минута, но и со автоголот на Вивијан во 84-тата минута.
Кога сите мислеа дека веќе се е готово, Франција успеа да намали и на 5-4 со голот на Коло Муани во 94-тата минута, а до крајот на судиското продолжение имаа уште две минути надеж, но сепак, не успеаја да се изборат за продолженија.
Иако поразот можеше да биде и далеку поубедлив, сепак, и петте гола кои ги примија се вистинска катастрофа за франзуците, бидејќи пет гола немаа примено од 1968 година на официјален меч, односно од 1969 година ако се сметаат и пријателските дуели.