Спектакл со пет гола во првиот дел: Барселона го „гази“ Реал во Џеда (Видео)

Барселона има водство од 4-1 по првото полувреме од финалната пресметка на Суперкупот на Шпанија што се игра во Џеда. Кралевите поведоа со голот на Килијан Мбапе во петтата минута, но потоа тимот на Ханси Флик доминираше на дуелот.

Ламин Јамал успеа да израмни со голот во 22-та минута, а потоа беше досуден пенал за Барселона, по интервенција од ВАР-собата, кој го реализираше Роберт Левандовски во 36-та минута.

Само три минути подоцна, Рафиња зголеми на 3-1.

Судијата Хил Манцано одреди дури девет минути надополнување во првиот дел, а Алехандро Балде во последните мигови погоди уште еднаш и обезбеди три гола предност за Барселона.

- Оглас -

Најнови вести