Спектакл во арената „Стожице“, вечерва еден против друг ќе играат Дончиќ и Јокиќ

Кошаркарскиот дуел на Словенија и Србија закажан за вечерва од 20.15 часот во арената „Стожице“ во Љубљана предизвикува големо внимание, иако станува збор само за пријателски меч од подготвителен карактер.

Србите и Словенците се подготвуваат за настап на Евробаскетот, кој наместо лани, ќе се игра годинава во септември, а пред пет години токму овие две репрезентации играа во финалето на ЕП.

Во составот на Словенија е Лука Дончиќ, Србите го имаат Никола Јокиќ и тоа е магнет за публиката која немала прилика да ги гледа двете суперѕвезди како играат еден против друг во дресовите на своите национални тимови.

- Оглас -

Најнови вести