Спектакл во чест на кошаркарскиот Моцарт: Загреб му се поклони на Дражен Петровиќ (Видео)

Загреб и ѕвездите на европската кошарка вечерва уште еднаш му се поклонија на кошаркарскиот Моцарт. На мечот во чест на Дражен Петровиќ, еден од најдобрите кошаркари во историјата, во „Арена Загреб“ имаше 16.500 гледачи, кои имаа можност да видат вистински спектакл.

На натпреварот учествуваа репрезентацијата на Хрватска, како и селекцијата на ѕвездите од Евролигата, кои на крајот и ја однесоа победата со резултат 107-110. Дел од спектаклот беше и нашиот Нено Димитријевиќ, кој мечот го заврши со девет поени.

- Оглас -

Најнови вести