Кошаркарите на Филаделфија сиксерс предводени од Џоел Ембид, успеаја да го совладаат најдобриот тим во Западната конференција, Денвер нагетс со 126:119. Сиксерси до победата дојдоа со голем пресврт кој започна на крајот на третата четвртина кога надополнија негатива од 15 поени.
https://twitter.com/SportsCenter/status/1619466088852426752?s=20&t=0RADcqu3_IBCftQnmwaEpw
Ова за Филаделфија беше седма победа по ред вкупно 32 во сезоната и ја продолжија потерата по Бостон кој е лидер на Истокот со 35 победи. На спротивната страна, Денвер е поразен на три од последните четири меча, но и покрај тоа е лидер на Западот со скор од 34 победи и 16 порази.
47 for Joel Embiid. Busting that man’s ass.https://t.co/OMyiix5S8h pic.twitter.com/oQZd1VKovx
— Rob Perez (@WorldWideWob) January 28, 2023
Денвер беше во водство во поголемиот дел од натпреварот и во третата четвртина предноста изнесуваше 15 поени (99:84). Но, од тој момент почнаа да се менуваат работите во корист на Филаделфија и тоа благодарение на Ембид.
Сиксерси направија серија од 14:0 со која се вратија во игра, а потоа работите во свои раце ги зеде Ембид кој погодуваше од сите позиции и на својот тим му донесе триумф од 126:119. Ембид беше најдобар играч на средбата со дабл-дабл од 47 поени и 18 скокови.
На спротивната страна, Јокиќ постигна 24 поени, и имаше 9 асистенции и 8 скока.