Вистински спектакл приредија Барселона и Жирона во првото полувреме во дерби дуелот на шпанската Ла Лига. Сензацијата оваа сезона, екипата на Жирона прва дојде во водство преку украинецот Артен Довбик во 12-тата минута.
Барселона возврати во 19-тата минута преку Роберт Левандовски.
Сепак, Мигел Гутиерес во 41-вата минута постигна погодок кој и донесе водство на Жирона после првите 45 минути, кои ако успее да ги задржи до самиот крај, ќе биде осамена на врвот од табелата во Ла Лига.