Финалистите од минатогодишното издание на Лигата на шампионите, како и тоа во 2020 година, Реал Мадрид и Ливерпул и ПСЖ и Баерн Минхен се дерби-пресметките во осминафиналето на годинешното издание на елитното натпреварување.
Токму Ливерпул и ПСЖ беа најнепосакувани екипи од групата на неносители и ждрепката сакаше да играат против екипите од кои загубија во финалињата во ЛШ.
Англискиот шампион Манчестер сити во осминафиналето ќе игра против германскиот тим Лајпциг, а во осминафиналето ќе има уште една англиско-германска пресметка, и тоа меѓу Борусија Дортмунд и Челзи.
Милан за противник го доби Тотенхем, а Интер го чека двомечот со Порто.
Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 14, 15, 21 и 22 февруари идната година, а реваншите се закажани за 7, 8, 14 и 15 март.
Двојки за осминафинале:
Лајпциг – Манчестер сити
Бриж – Бенфика
Ливерпул – Реал Мадрид
Милан – Тотенхем
Ајнтрахт – Наполи
Борусија Дортмунд – Челзи
ПСЖ – Баерн
Интер – Порто