Спектакл во најава: Хрватска против селекцијата на Европа во чест на Дражен Петровиќ

Прославениот кошаркарски тренер, Александар Петровиќ, во едно интервју откри ексклузивна информација дека на петти септември во Загреб ќе се одигра ревијален меч во чест на неговиот брат, големиот Дражен Петровиќ, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во 1993 година.

На натпреварот во Загреб ќе учествуваат репрезентацијата на Хрватска и селекцијата на Европа предводена од Жељко Обрадовиќ.

„Можам да ви дадам ексклузива. На почетокот на февруари во Загреб ќе имаме прес-конференција за наследството на Дражен. Хрватската репрезентација против европска селекција. А кој ќе ја води селекцијата на Европа? Се разбира, најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ. Ние двајцата имаме таков однос, тој без проблем се согласи да биде фронтмен на таа репрезентација која на петти септември ќе го игра тој натпревар во Загреб. Ми остави впечаток и таа прегратка беше спонтана“, рече Александар Петровиќ.

- Оглас -

Најнови вести