Спектакл во Париз: Бензема со професорски изглед, Златната топка пристигна со Формула 1 болид! (Видео)

Вечерва во Париз ќе се додели Златната топка за сезоната 2021/2022. Според сите прогнози и најави, освојувач е Карим Бензема, па затоа и пристигнувањето на капитенот на Реал Мадрид на церемонијата предизвика големо внимание.

Бензема треба да биде првиот Французин по Зинедин Зидан кој станал најдобар фудбалер на светот во избор на магазинот „Франс фудбал“, кој ја доделува Златната топка, а во гласањето учествуваат новинари од целиот свет.

И пехарот пристигна, и тоа на необичен начин. Златната топка ја донесе Себастијан Окон, возејќи ја на својот Формула 1 болид.

Погледнете како изгледаше носењето на Златната топка со Ф1 болид:

https://twitter.com/i/status/1582074402958721024

- Оглас -

Најнови вести