Спектакл во Ријад: Винисиус ја гази Барселона, Реал е пред освојување на трофејот од Супер купот (Видео)

Екипата на Реал Мадрид одигра фантастично прво полувреме од финалето на шпанскиот Супер куп против Барселона. „Кралевите“ после само 10-тина минути игра во Ријад имаше водство од 2-0, а на крајот од првите 45 минути и водство од високи 3-1.

Бразилецот Винисиус со два гола во седмата и десеттата минута букавлно ја потопи Барселона и донесе водство од 2-0 за Реал Мадрид на самиот старт.

Малку надеж за Барселона донесе полскиот репрезентативец, Роберт Левандовски, во 33-тата минута со прекрасен гол од полуволеј од работ на шеснаесетникот. Сепак, Винисиус во првиот дел дојде и до хет-трик, откако во 39-тата минута беше сигурен реализатор на удар од 11 метри.

- Оглас -

Најнови вести