24.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Спектакл во Торино: Јувентус го победи Интер со 4:3 (Видео)

Мечот во Торино меѓу Јувентус и Интер го оправда епитетот „Дерби на Италија“, а на крајот се радуваа домаќините со 4:3. Ова е втор пат за помалку од една година, овие два тима меѓу себе да одиграат дерби со 7+ голови. Минатата сезона во октомври, во Милано беше 4:4.

Денешниот дуел беше со мнгоу возбудувања и пресврти. Гоеадата ја најави Кели со погодок во 14 минута, а Калханоглу израмни на 1:1 во 30 минута. Старата дама на полувреме замина со предност благодарение на погодокот на Јилдиз во 38 минута.

Чалханоглу ја отвори ревијата погодоци во второто полувреме, кога израмни на 2:2 во 65 минута, а овој погодок може да го видите ТУКА. Нераѕурите потоа прв пат стигнаа и до водство со голот на Маркус Турам во 76 минута, а голот може да го видите ТУКА.

Потоа следуваше погодок на Кефрен Турам за радост на навивачите на Јувентус и израмнување на 3:3. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Сепак тука не беше крајот на возбудувањата, затоа што во судиското надополнување, Василије Аџиќ се претвори во херој на Јувентус и погоди за 4:3 и победа на гигантот од Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести