Најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, потврдија дека ќе одиграат ревијален меѓусебен меч во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, на 27-ми декември.
Тоа ќе биде нивен шести меѓусебен дуел, и спектакуларно затворање на тениската 2023 година со „пријателска“ пресметка на светскиот рекет број 1 и бројот 2 на АТП листата.
Еден ден порано, на 26-ти декември, во Ријад една против друга ќе играат и две ѕвезди на женскиот тенис, Онс Жабер и Арина Сабаленка.