Ракометниот спектакл што го организираше Федерацијата пред настапот на машката репрезентација на Светско првенство ги исполни очекувањата. Полни трибини, насмеани лица и еден куп легенди потсетија на некои од најубавите времиња на македонскиот репрезентативен ракомет.
Ветераните кои многу дадоа за македонскиот ракомет, како и актуелните репрезентативци од срце ја запеаја химната пред почетокот на мечот кој се игра двапати по 20 минути.
Мечот го води легендарниот судиски тандем Начевски, а тука беа и некогашните селектори Темелковски и Шундовски, кои исто така беа добитници на благодарници за нивниот придонес.