Спектакли со 11 гола во Барселона и Дортмунд: ПСЖ и Борусија се првите полуфиналисти на ЛШ! (Видео)

Двете шпански екипи кои вечерва настапија во четвртфиналето на Лигата на шампионите забележаа катастрофални резултати и иако имаа предност по првите натпревари, доживеаја елиминација. Барселона на домашен терен загуби убедливо од ПСЖ со 1-4, иако на почетокот од мечот имаше водство од 1-0, но црвениот картон на Араухо при минимално водство си го направи своето, па Каталонците со човек помалку не можеа да му парираат на ПСЖ.

Откако првото полувреме заврши 1-1, Витиња во 54-тата минута го комплетира пресвртот на „Монжуик“, но и го израмни резултатот во двомечот.

На 1-3 зголеми Килијан Мбапе во 61-вата минута, откако со одличен удар беше поуспешен од Тер Штеген од пенал.

Точка на И стави Килијан Мбапе во 89-тата минута, откако успеа да ја смести топката во голот на Барселона по еден брз противнапад. На крајот заслужена победа на ПСЖ против десеткуваната Барселона, која освен со играч помалку, во второ полувреме мораше и без тренерот Чави Ернандес, кој беше исклучен во 56-тата минута.

Противникот на ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе биде бундеслигашот Борусија Дортмунд. Германците вечерва го победија Атлетико Мадрид со 4-2, со што ја надополнија негативата од 1-2 од првиот меч.

„Милионерите“ имаа водство од 2-0 по првото полувреме, но Атлетико го започна вториот дел како од соништата. Мат Хумелс во 49-тата минута не се снајде баш најдобро во својот шеснаесетник и си постигна автогол.

Во 64-тата минута веќе беше 2-2. Аргентинецот Анхел Кореа најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и погоди за израмнување на резултатот.

Сепак, Германците не би биле Германци ако толку лесно се откажуваат. Никлас Фулкруг во 70-тата минута носи нова предност за Борусија Дортмунд и голема радост кај домашните навивачи на трибините.

Конечните 4-2 за Борусија Дортмунт ги постави Марсел Сабицер во 74-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести