Спектаклот е загарантиран, Топурија и Халовеј имаат иста тежина, до грам

Утре во Абу Даби ќе се одржи ултимејт фајт УФЦ 308 настанот, на којшто главна борба ќе биде онаа за светската титула во перолесна категорија.

Шпанецот Илија Топурија го брани појасот против Американецот Макс Холовеј во категоријата во која се натпреварува и Александар Волкановски.

На мерењето двајцата борци покажаа иста тежина, и Топурија и повисокиот Халовеј тежат по 65,77 кг. Топурија досега имал 15 борби и забележа 15 победи, а Халовеј има 26 победи во 33 борби.

- Оглас -

Најнови вести