Спектакуларен гол со ножички за победа на Партизан во првенството на Србија (Видео)

Фудбалерите на Партизан го победија Јавор Ивањица во заостанат натпревар од второто коло на Суперлигата на Србија со 2-3.

Партизан со ова ја прекина низата од два пораза, а се искачи и на првото место на табелата. Двоен стрелец за Партизан беше Јован Милошевиќ, а вториот негов и победнички беше спектакуларен, со атрактивни ножички. Еден гол од белата точка постигна и Бибарс Натхо.


За Јавор погодија Пантелиќ од пенал и Зувиќ.

По оваа победа, Партизан скокна на првото место на табелата со два бода предност и еден натпревар повеќе од Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести