Новата сезона во Германија и официјално започна вечерва со два натпревари од првото коло на Купот. На терен истрчаа два бундеслигаши против нисколигаши и двете мораа да се спасуваат од пораз и елиминација.
Мајнц дури после продолженијата успеа да го елиминира Вехен и да победи со 3-1 на гости, откако мечот во регуларните 90 минути заврши 1-1, а бундеслигашот губеше и со 1-0.
За разлика од Мајнц, екипата на Хофенхајм се спаси од елиминација на гостувањето кај Вурцбургер кикерс дури после изведувањето на пеналите. Бундеслигашот двапати губеше со 1-0 во регуларното време и со 2-1 во продолженијата, но двапати израмнуваше и успеваше да се спаси од елиминација, па дури после пеналите да се плсира во 16-финалето од Купот на Германија.