Спектакуларна голеада во Белград: Партизан со гол од пенал во 95-тата минута се спаси од пораз

Црвена ѕвезда и Партизан одиграа спектакуларен меч на „Рајко Митиќ“, на кој иако имаше шест гола, сепак на крајот немаше победик, иако кој и да победеше немаше да биде незаслужено. Зубаиру Ибрахим уште во осмата минута донесе предност за Партизан од 0-1, но на стартот од вториот дел Црвена ѕвезда направи комплетен пресврт со головите на Шериф Ндиаје во 46-тата и 51-вата минута.

Сепак, Стефан Ковач во 59-тата минута повторно ги врати „црно-белите“ во игра, но радоста траеше само три минути, бидејќи Мирко Иваниќ во 62-рата минута ја донесе Sвезда во ново водство, овојпат од 3-2.

Конечните 3-3 ги постави Немања Николиќ од пенал во 95-тата минута.

(

Црвена ѕвезда останува убедливо на првото место со 68 поени, дури 21 повеќе од второпласираниот Партизан.

- Оглас -

Најнови вести