Спектакуларна снимка од уривањето на салата во Милвоки (Видео)

Експлозијата со која падна кровот на стариот дом на Милвоки бакс, „Бредли центарот“, ја означи последната фаза од уривањето на оваа спортска сала која околу 30 години беше дом на „елените“ од НБА-лигата. Стручњаците за уривање со контролирана експлозија го урнаа кровот, а сега следува и остатокот од демонтажата на објектот.

Кровната конструкција падна како што било планирано, а демонтажата се очекува да заврши во летниот период. „Бредли центарот“ беше отворен во октомври 1988 година.

Бакс од 2016 година како домаќини играат во „Фисерв форум“, сала за чија изградба беа потрошени 524 милиони долари.

Погледнете ја снимката од рушењето: „Три, два, еден и бууууум“:

- Оглас -

Најнови вести