Во Лас Вегас се одржа една од најинтересните Формула 1 трки годинава, а на крај сепак прв низ целта мина Макс Ферстапен од Ред Бул, пред Шарл Леклер од Ферари, кој беше на пол-позиција и водеше во еден период од трката.
Ферстапен веднаш по стартот го претекна Леклер, но не баш коректно, за што доби и казна од пет секунди, но пилотот на Ферари не се предаваше, водеше во неколку наврати. Имаше и безбедносно возило, инциденти како оној на Ландо Норис, Британецот заврши во болница на прегледи.
Сепак, Ферстапен успеа да триумфира и да ја запее познатата песна од Елвис Присли, „Вива Лас Вегас“, а малку фалеше тоа да биде еден-два победа на Ред Бул. Леклер во последниот круг го претекна Серхио Перес и заслужи да биде барем втор.