Манчестер јунајтед и Тотенхем одиграа спектакуларно реми, 2-2, во дербито на колото во Премиер лигата. Дури три погодоци беа постигнати во првото полувреме, а „црвените ѓаволи“ иако двапати имаа водство, на крајот не успеаја да победат.
Хојлуд уште во третата минута донесе водство за домашните, но Ричарлисон возврати во 19-тата минута.
Во 40-тата минута ново водство за Манчестер јунајтед, овојпат преку Маркус Рашфорд, но во вториот дел Бентакур во 46-тата го спаси Тотенхем од пораз на овој меч.