Милан беше подобар од Венеција со 4-0, што за Росонерите од Милано е прва победа сезонава во Серија А после четири одиграни кола.
Сите четири гола паднаа во првите 29 минути од средбата на „Сан Сиро“ и сите ги постигнаа различни фудбалери. Милан немаше дадено четири гола во првите половина час игра уште од далечната 1958 година.
Милан во моментов е најефикасен тим во лигата, но има само пет бода на четири меча, додека Венеција е последна со само еден бод.
Интересна ситуација имаше во 71-ва минута. Венеција даде гол за 1-4, но по прегледување на снимка во ВАР собата, голот беше поништен поради фаул кој го направил Николуси Кавиља кој доби и жолт картон, кој му беше втор, па Венеција 20-тна минути имаше и човек помалку на теренот.