26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Претседателот Трамп уживаше во спектакуларни нокаути во Њујорк (Видео)

Хорхе Масвидал го победи Нејт Дијаз во борбата за БМФ („најлошо момче“) во Ултимејт фајт, борбата беше прекината во четврта рунда (Дијаз имаше посекотина на лицето и лекарите побараа прекин), па појасот му припадна на Масвидал, иако и тој прими доста удари во текот на борбата.

Но, најспектакуларниот потег, поточно нокаут го изведе Кевин Ли. Тој со брутален хај-кик во првата рунда го уништи Грегор Гилеспи кој првпат во кариерата претрпе пораз, но немаше шанса да се освести и да продолжи да се бори откако доби удар со нога во главата.

Но, и предборбите на УФЦ 244 настанот имаше атрактивни нокаути. Кори Андерсон за две минути го среди Џони Вокер, а Жаирзињо Розенструк брутално го нокаутираше легендарниот Андреј Арловски.

На трибините во Њујорк се најде и првиот човек на САД, Доналд Трамп.

Погледнете како Ли „му го згасна светлото“ на Гилеспи:

 

https://twitter.com/i/status/1190817283792424960

- Оглас -

Најнови вести