Спектакуларните голови на Салернитана го одбележаа мечот во Рим! (Видео)

По ремито дома против Салернитана од 2-2, се чини дека Рома како да не сака во следната сезона да игра во европските купови ако тоа не е Лигата на шампионите, па сите карти ги фрла на финалето во Лигата на Европа, кое ако го добие, ќе биде петтиот претставник на Италија во ЛШ.

Последната победа на Рома во Серија А беше на 16 април против Удинезе и има серија од шест меча по ред без триумф.

Гостите од Салерно дадоа два прекрасни гола. Првиот гол за Салернитрана беше дело на искусниот Антонио Кандрева, погодок кој потсети на легендарниот на Алесандро дел Пјеро за победа против Фиорентина од 1994 година. Потоа атрактивен гол даде и Булаје Дија, кој погоди со шут со пета.

Немања Матиќ во 83-тата минута спречи пораз на Рома. Волчицата е седма на табелата, со бод помалку од шестата Аталанта, а четири помалку од петтиот Милан на две кола до крајот.

- Оглас -

Најнови вести