На љубителите на боречките спортови никогаш не им е доволно од гледање спектакуларни нокаути, а таков е и овој што се случи на борба во Муаи Таи. Тајланѓанецот Камплајпет со суперудар со левата нога го плесна во лице Французинот Паскал Јаксиевич, по што Французинот падна како покосен и тука беше крајот на дуелот.
При прогласувањето, се гледа штетата на десната страна на лицето на Паскал здобиена со ударот.
Во салата немаше публика, па ударот многу убаво се слушна. Навистина атрактивен потег, кој треба да се види:
https://twitter.com/i/status/1322627021411930115