16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Спектакуларно изгледа новата соблекувална на Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид синоќа го одигра првиот меч на својот стадион во новата сезона. На „Сантијаго Бернабеу“ Кралевите го победија Бетис со 2:1, а ова беше првиот дуел на кои ѕвездите на Реал влегоа во новата реновирана соблекувална.

Веќе две години трае реконструкцијата на целиот стадион, а сега соблекувалните го добија својот нов изглед. Секој фудбалер има свое удобно место за седење и свое шкафче. Во склоп на соблекувалната има и посебна просторија за тренерот Карло Анчелоти и неговиот стручен штаб во која ја подготвуваат тактиката пред мечот.

Стандардно тука се и тушевите, тоалетите, како и мини теретана. Има и базени за топла и ладна рекуперација, како и сауна.

Комплетната реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“ треба да биде завршена на пред почетокот на следната сезона, а стадионот тогаш ќе може да биде домаќин и на тениски, кошаркарски и ракометни натпревари, како и домаќин на музички концерти.

 

 

- Оглас -

Најнови вести