Спектакуларно враќање на Мекгрегор, за 40 секунди го нокаутираше Каубојот (Видео)

Конор Мекгрегор по брза постапка го реши Доналд Сероне, во меч од УФЦ шампионатот во Лас Вегас. Ирецот уште од самиот почеток започна жестоко, му зададе удар со левата рака, потоа неколку удари со лактот, а на крајот следуваше хај-кик удар по кој популарниот Каубој падна во рингот.

Мекгрегор со неколку брзи удари само го докрајчи немоќниот противник, а судијата покажа дека е тоа крај на борбата.

„Испишав историја. Победив во три различни категории. Многу сум горд за тоа. Навивачите беа феноменални. Знаев дека Доналд нема да очекува да нападнам од првата секунда. Го вметнав своето име во историјата на овој спорт. Сега ќе ја славам победата“, рече Мекгрегот по дуелот.

Ирецот претходно беше шампион во Лесна и Полулесна категорија во УФЦ, а сега победи во Велтер категорија. За Мекгрегор ова беше 22 победа во кариерата, а има и четири порази. Ова беше прва борба за него уште од октомври 2018 година, кога загуби од Хабиб Нурмагомедов.

Линк до видео од борбата

https://youtu.be/LxCsroLvO10

https://youtu.be/L8WIqWwGhHg

https://youtu.be/jTQlzn-BC-I

https://twitter.com/i/status/1218771137653624833

- Оглас -

Најнови вести