Спекталот договорен, Џошуа и Фјури ќе се борат годинава

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе ги одмерат силите годинава, а тоа ќе биде борба по која ќе се знае апсолутниот светски шампион во тешка категорија.

Промотерот Еди Херн, потврди дека е постигнат усмен договор околу финансиите на борбата, остануваат деталите да се стават на хартија.

„Постигнат е договор без потписи. Завршивме работа со финансиските услови, останува да се договориме околу ТВ-правата и сите детали да ги ставиме на хартија“, истакна Херн.

Џошува во декември минатата година го совлада Кубрат Пулев за одбрана на светскиот трон, додека Фјури претходно во февруари доминираше против Дејтон Вајлдер и го освои појасот во ВБЦ категоријата.

Борбата за апсолутен стески првак ќе се одржи во Саудиска Арабија, наскоро ќе се одреди и датумот, додека евентуален реванш е предвиден да се одржи во Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести