Неизвесноста околу тоа дали Горан Пандев ќе добие дозвола да патува во Македонија, уште трае, но не е проблемот само за Пандев, туку и за другите македонски репрезентативци кои настапуваат во Италија, а тоа се Елиф Елмас и Илија Несторовски. Иако тие не се заразени од коронавирус, не се знае дали ќе може да играат в четврток на дуелот со Косово кој може да биде претпоследен на патот до ЕП.
Специја реши да не го ослободи својот бугарски интернационалец Андреј Галабинов. Од клубот не ја прифатија поканата за Галабинов од селекторот Георги Дерменџиев. Од бугарската федерација појаснија дека Специја нема да го пушто својот играч затоа што после неговото враќање во Италија од патувањето во Финска, ќе треба да биде во домашен карантин 14 дена.
Во Специја не сакаат две недели да бидат без Галабинов кој е нивен прв стрелец и човек кој испиша историја како прв фудбалер кој постигнал гол за Специја во Серија А.