Специја пак ѝ кажа чао на Рома – Два црвени картони за една минута и трагикомичниот старт на Лопес ја елиминираа Волчицата (Видео)

Специја повторно ја елиминира Рома во купот на Италија, вечерва со победа од 3:2 по 120 минути игра и две продолженија од по 15 минути.

Аутсајдерот водеше на „Олимпико“ во Рим со 2:0, па дозволи Рома да израмни на 2:2, што беше и резултат по регуларниот дел во осминафиналето на Италијанскиот куп.

Клучните два моменти се случија на почетокот на првото продолжение. Рома само за 60 секунди остана со двајца играчи помалку и со деветмина фудбалери на теренот ги играше продолженијата од двапати по 15 минути.

Најпрво поради остар старт Манчини доби втор жолт картон во втората минута од првото продолжение, а во следниот напад беше исклучен голманот Лопес, по трагикомичниот старт.

Лопес ја утна топката и го нокаутира Пиколи надвор од шеснаесетникот, по што доби директен црвен картон.

Двете ситуации и исклучувањата на Манчини и на холманот Лопес можете да ги погледнете ОВДЕ.

Предноста ја искористија гостите и со голот на Верде во 107-мата минута и на Сапонара во 119-тата минута ја елиминираа Римската волчица по вторпат во историјата на Италијанскиот куп.

Специја првиот подвиг го приреди во 2015 година, кога на пенали исто така во осминафиналето на Копа Италија ја елиминираше Рома, а вечерва им требаа продолженија за нова сензација против фаворитот.

Во следната фаза Специја ќе игра против Наполи исто така на гостински терен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести