Специја се пофали со Малдини јуниор и прекина традиција на Милан што постоеше 44 години

Даниел Малдини е нов играч на Специја и ќе игра за калчолигашот во сезоната што следи како позајмен фудбалер од Милан.

Од Специја веќе објавија и се пофалија дека 20-годишниот играч со познато презиме веќе е нивен член, а со позајмицата и преселбата на Даниел се прекинува една неверојатна традиција на Милан.

Неверојатна низа што ја почна неговиот татко Паоло Малдини во 1978 година, траеше се од трансферот на Даниел Малдини во Специја, односно секогаш кај Милан имало играч со славното презиме во последните 44 години.

Во 1978 година, легендарниот дефанзивец стана член на младинската Академија на Милан и до 2009 година играше само за Росонерите и за ниту еден друг клуб.

Следната година по неговите стапки тргна и синот Даниел, па во 2010 година и тој стана член на младинската школа на Росонерите и веќе 12 години го носеше дресот со „црвено-црни“ бои.

Минатата сезона Даниел го постигна и првиот гол за Милан на дуелот токму против Специја на 25 септември, кога за првпат беше и стартер во тимот на Росонерите.

Даниел има 20 годинi и од 2020 година, кога беше префрлен во сениорскиот тим на Милан, одигра вкупно 14 натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести