Специјал на Sport Lifе: Халанд ќе биде во центарот на вниманието на дербито, но квотите се одлични Жесус да му постигне гол на поранешниот тим (Фото)

Sport Life подготви специјален сингл со доста различни игри за обложувачите за дерби-пресметката во Премиер лигата меѓу Манчестер сити и Арсенал.

Ова е дуел на двете првопласирани екипи на табелата, но серијата лоши резултати на Топчиите му овозможија на Сити не само да се врати во трката за титулата туку и да биде во пол-позиција. Арсенал е лидер со 75 бода, пет повеќе од Сити, кој има и два натпревари помалку, но и многу полесен распоред до крајот на сезоната.

Згора на тоа, Манчестер сити ги доби двата меѓусебни дуела сезонава, прво во ФА купот (1:0), а потоа и во рамките на Премиер лигата (3:1).

Овој меч ќе претставува и дуел на учителот против ученикот бидејќи актуелниот стратег на Арсенал, Микел Артета, тренерската кариера ја започна како помошник на Хосеп Гвардиола токму во Сити.

На теренот главна ѕвезда ќе биде напаѓачот на Граѓаните, Ерлинг Халанд, кој во двата меча постигна само еден гол против Арсенал, и тоа последниот гол на вториот натпревар.

Токму Халанд е фаворит да го постигне и првиот гол на натпреварот и квотата за таа игра изнесува 3.30, а 1.50 е за да се запише во листата на стрелци. Вториот напаѓач на Граѓаните, Хулијан Алварес, има квоти од 5.00 да биде прв стрелец на мечот и 2.00 за да постигне гол.

Според квотите, голови може да се очекуваат и од Ријад Марез, Фил Фоден, Кевин де Бројне…

Најголеми адути на Топчиите се Бразилците Габриел Жесус и Габриел Мартинели. Квотата за Жесус, кој до минатата сезона играше токму за Сити, и за Мартинели да го отворат резултатот е 9.00, а за да се запишат во листата на стрелци е 3.00. Опасност по голот на Едерсон ќе претставуваат и Букајо Сака и Мартин Одегард, како и Леандро Тросар.

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и времето кога ќе биде постигнат првиот гол, а за оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…
Може да се погодува резултатот по 15 минути игра, по 30 и по 60 минути игра, начинот на којшто ќе биде постигнат првиот гол, дали ќе има пенал.

- Оглас -

Најнови вести