Реал Мадрид и Лајпциг вечерва од 21 часот ќе одлучат кој од нив ќе се најде во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони, а за овој меч на кој шпанскиот тим брани предност од 1-0 од првиот меч одигран во Германија, Sport Life подготви Специјален сингл со огромен број игри.
Може да се обложите на секакви работи поврзани со дуелот со Мадрид. Меѓу специјалните игри се да го погодите првиот стрелец или дали некој играч ќе даде гол во текот на 90-те минути (не се сметаат евентуалните продолженија). Ако верувате дека Елиф Елмас ќе постигне гол, ви се смешка супер заработка, квотата за такво сценарио е дури 7.00.
Кој тим ќе го има почетниот удар, кој прв ќе направи жолт картон, прв корнер, прва замена, дали ќе има тим кој нема да добие жолт картон, време на прв гол, итн.
Потоа имате избор да искомбинирате стрелец со победа. На пример: на првиот меч стрелец беше Брахим Дијас, а победник беше Реал. За Реал и вечерва да победи, а Брахим да даде гол во текот на мечот, квотата е 3.80.
Тука се и игрите на пенали и црвени картони, ако мислите дека ќе има пенал или црвен картон за некој тим, треба да уплатите, квотите се привлечни.
Тоа важи и за жолтите картони, вкупен број корнери, офсајди, фаули, удари на гол, вкупно удари во рамките на голот и за секој тим посебно.
Има и игри за кои не мора да се чека до крајот на мечот, туку брзо ќе дознаете дали сте добитни или не, ако се обложите дали прво на мечот ќе се случи аут, фаул, гол аут, корнер, офсајд или гол.
Секако, може да типувате и за начин на првиот гол, дали ќе биде со шут со нога, со глава, од слободен удар, од пенал или можеби автогол, а постои и опција да одиграте дека средбата ќе заврши без голови.