Специјал на Sport Life: Кога Лаутаро Мартинес погодува, Интер победува во “Дерби дела Мадонина“ (Фото)

Градските ривали Интер и Милан вечерва ќе го одиграат својот 238-ми меѓусебен официјален натпревар или 201-ви во првенството на Италија.

Екипата на Интер е поуспешна со 89 победи, наспроти 79-те на Милан. 69 дуели завршиле без победник. Ако се земат во предвид само првенствените натпревари, тогаш успешноста на Интер е уште поголема и има 11 победи повеќе од градскиот ривал, односно 76 наспроти 65, додека 56 натпревари завршиле нерешено.

Најдобар стрелец во пресметките на овие две екипи е украинецот Андриј Шевчеко, кој прецизно стрелал дури 14-пати, а од актерите кои вечерва ќе истрчаат на тревникот на Џузепе Меаца или Сан Сиро, тоа е аргентинецот Лаутаро Мартинес, кој постигнал осум погодоци, но верувале или не, секогаш кога тој ќе постигнел погодок против Милан, на тој натпревар Интер победувал. Осумте голови се распоредени на шест средби и сите завршиле во корист на Интер.

Квотата за Лаутаро Мартинес и вечерва да биде стрелец е 2.50, а следствено на тоа ако ја следиме традицијата, победата на Интер носи квота од 2.22 во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести