Специјал на Sport Life: Квотите се одлични македонските фудбалери да го постигнат првиот гол

Вториот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 против Украина е натпреварот за кој обложувалницата Sport Life подготви Специјален сингл понуда во која има богата лепеза на нестандардни игри и примамливи квоти.

Македонија во првото коло во квалификациите на Националната арена „Тодор Проески“ ја совлада Малта со 2:1, додека Украина беше поразена од Англија со 2:0 на „Вембли“ во Лондон.

Македонија и Украина досега имаат одиграно пет меча меѓу себе, првиот се играше пред 20 години, а последниот на историскиот настап на Црвено-жолтите на ЕП во 2021 година.

Првиот натпревар беше пријателски и заврши без голови. Во 2004 година, Македонија ја оствари единствената победа од 1:0, исто така на пријателски меч, додека на последните три дуели, се радуваа Украинците. Украина славеше на двата меча од квалификациите за ЕП 2016, во Скопје беше 0:2, а во Лвов беше 1:0. На ЕП во Букурешт, Украина славеше со 2:1.

Квотите се на страната на Украина, 1.97 е за двојка, додека 4.15 е квотата за триумф на избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Квотите се одлични за македонските фудбалери да го отворат резултатот. Квотата за Милан Ристовски и Илија Несторовски да го постигнат првиот меч на Арената „Тодор Проески“ е 9.00, додека 4.20 изнесува за тие да постигнат гол во текот на натпреварот. Квотата за Доријан Бабунски и Александар Трајковски е уште подобра и изнесува 11.00, а 5.00 да се запишат во листата на стрелци, додека квотите за Елиф Елмас се 12.00 и 5.0, а за специјалистот за слободни удари, Енис Барди, 13.00 и 6.00.

Најголемата опасност за голот на Столе Димитриевски се очекува да биде Довбик, за кого квотата да го отвори резултатот е 6.50, а 3.20 да се запише во листата на стрелците.

Може да се обложите и во кој период ќе биде постигнат голот, на бројот на корнери, кој тим прв ќе добие жолт или црвен картон, кој прв ќе направи замена, прв и последен корнер, дали ќе има пенал, за кој тим би бил првиот пенал итн.

- Оглас -

Најнови вести