Специјал на Sport Life: Манчестер јунајтед седум години нема победа на „Енфилд“, Рашфорд е адутот на Црвените ѓаволи, а во Ливерпул за сè се прашува Салах

Денеска се игра најголемото дерби во англискиот фудбал меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед и Sport Life подготви специјален сингл кој нуди голем број опции за обложување од оние нестандардни фудбалски игри во редовната понуда.

Може да се обложите кој тим прв или последен ќе изведе корнер, кој тим прв ќе добие жолт картон, прв црвен картон, кој тим прв ќе изведе пенал, кој ќе ја направи првата замена, а тука се и игрите со број на корнери во текот на средбата и во кој интервал од 10 минути ќе се постигне првиот погодок.

Во изминатите неколку години Ливерпул заедно со Манчестер сити се бореа за титулата во Премиер лигата, додека Црвените ѓаволи „го бараа победничкиот идентитет“ по заминувањето во пензија на легендарниот менаџер сер Алекс Фергусон.

Конечно, сезонава Јунајтед според играта наликува на тимот кој го предводеше Фергусон и веќе го освои првиот трофеј, победи во Карабао Купот (Лига куп). Најзаслужни за препородот на Црвените ѓаволи се менаџерот Ерик тен Хаг, и Маркус Рашфорд кој игра во животна форма.

Англискиот репрезентативец само на три  натпревари во 2023 година не успеа да постигне гол за Манчестер јунајтед, а токму тој заедно со Мохамед Салах на спротивната страна се фаворити да го постигнат првиот гол на „Енфилд“.

Квотата за такво нешто изнесува 6,00, додека 2,30 е за Рашфорд да постигне гол во текот на натпреварот. Главниот адут на Ливерпул, Мохамед Салах има квота од 2,70 за да се запише во листата на стрелци, а 6,00 за да го постигне првиот гол на дуелот. Токму Салах е најдобар стрелец во историјата на меѓусебните пресметки со вкупно 10 постигнато голови.

Ливерпул има уште адути кои ќе претставуваат голема опасност кон голот на Давид де Хеа, тоа се Дарвин Нуњез и Диого Жота за кои во Специјалниот сингл на Sport Life, квотата дека први ќе постигнат гол изнесува 7,00.

Кај Јунајтед, освен Рашфорд, голови се очекуваат од зимското засилување Вегхорст како и од Гарначо и Антони.

Првиот дуел сезонава што се играше на „Олд трафорд“ го доби Манчестер јунајтед со 2:1, додека последната средба на „Енфилд“ заврши со убедливи 4:0 за Ливерпул.

Манчестер јунајтед последен пат како гостин го победил најголемиот ривал во 2016 со 0:1, а единствениот гол го постигна сега веќе пензионираниот Вејн Руни. Од тој дуел, само двајца фудбалери се уште се членови на Јунајтед, Де Хеа и Антони Марсијал. И во редовите на Ливерпул има само двајца играчи што беа актери на тој дуел, капитенот Џордан Хендерсон и Роберто Фирмињо.

- Оглас -

Најнови вести